Двајца полицајци биле сериозно повредени, а најмалку двајца полициски автомобили биле запалени за време на насилниот протест против најавените ограничувања на протестните собири во градот Бристол на југозападот на Англија, соопшти полицијата.
Илјадници демонстранти се собраа во центарот на градот во неделата, игнорирајќи ги епидемиолошките мерки, во знак на протест против законот со кој на полицијата ќе и се дадат нови овластувања за ограничување на уличните протести.
Полицијата соопшти дека протестот започнал мирно, но подоцна мала група се собрала и предизвикала насилство, објави Ројтерс.
Повредените полицајци биле пренесени во болница, едниот со скршеница на раката, а другиот со скршени ребра.
Two police officers were seriously injured and at least two police vehicles were set on fire during protest in Bristol, England, authorities said Sunday. https://t.co/HaJkVDe60w
— NBC News (@NBCNews) March 21, 2021
Објектите околу полициската станица во центарот на градот биле вандализирани.
Некои демонстранти фрлале бакљи кон полицајците, и се обиделе да превртат полициско комбе, по што се искачиле на ѕидот на полициската станица и поставиле графити.
Повеќе од 30 лица беа приведени за време на протестот против мерките за затворање во Лондон во саботата на 20 март.
