Компанијата Facebook денес објави дека во периодот помеѓу октомври и декември минатата година избришала 1,3 милијарди лажни профили на таа социјална мрежа.
Според блогот на компанијата, Facebook отстрани и повеќе од 12 милиони објави за пандемијата COVID-19 и вакцините, кои светските здравствени експерти ги етикетираа како дезинформации, објави Ројтерс.
