10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Вакцината „AstraZeneca“ е безбедна и штити од потешки форми на COVID-19

Резултатите од големото американско клиничко испитување покажуваат дека вакцината „AstraZeneca“ е безбедна и високо ефикасна.

Повеќе од 32 000 испитаници учествуваа во истражувањето, претежно од САД, а дел од Чиле и Перу, пишува ВВС.

Вакцината „AstraZeneca“ се покажа како 79% ефикасна против симптоматска инфекција со COVID-19. Она што е уште поважно е дека вакцината 100% спречува тешки форми на болеста.

Студијата не открила проблеми со згрутчување на крвта. Имено, сомнежите во врска со поврзаноста помеѓу вакцината „AstraZeneca“ и несаканите ефекти од згрутчување на крвта беа причината зошто употребата на вакцината беше привремено прекината во дваесетина земји, од кои повеќе од 10 беа во Европа.

Европската агенција за лекови минатата недела соопшти дека вакцината, поддржана од научници од Универзитетот Оксфорд и „AstraZeneca“, е безбедна и ефикасна.

Клиничко испитување во САД покажа дека заштитата од симптоматска инфекција на ковидите обезбедена со вакцината „AstraZeneca“ не паѓа кај луѓе постари од 65 години.
Имено, околу една петтина од испитаниците во американското истражување биле постари од 65 години. Тие примија две дози вакцина „AstraZeneca“ во период од четири недели и се покажа дека нивото на заштита што го добиле е исто како и кај оние во помладите возрасни групи.

Професорката Сара Гилберт, која го водеше тимот за создавање на вакцината „AstraZeneca“, за ВВС изјави дека по овој преглед, американската Администрација за храна и лекови (FDA) се очекува да ја одобри вакцината „AstraZeneca“ за неколку недели.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести