10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ХАОС ВО БРИТАНИЈА: Повредени двајца полицајци, гореа автомобили на улиците на Бристол (видео)

Двајца полицајци биле сериозно повредени, а најмалку двајца полициски автомобили биле запалени за време на насилниот протест против најавените ограничувања на протестните собири во градот Бристол на југозападот на Англија, соопшти полицијата.

Илјадници демонстранти се собраа во центарот на градот во неделата, игнорирајќи ги епидемиолошките мерки, во знак на протест против законот со кој на полицијата ќе и се дадат нови овластувања за ограничување на уличните протести.

Полицијата соопшти дека протестот започнал мирно, но подоцна мала група се собрала и предизвикала насилство, објави Ројтерс.

Повредените полицајци биле пренесени во болница, едниот со скршеница на раката, а другиот со скршени ребра.

Објектите околу полициската станица во центарот на градот биле вандализирани.
Некои демонстранти фрлале бакљи кон полицајците, и се обиделе да превртат полициско комбе, по што се искачиле на ѕидот на полициската станица и поставиле графити.

Повеќе од 30 лица беа приведени за време на протестот против мерките за затворање во Лондон во саботата на 20 март.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести