7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Завршните зборови на ЈО покажаа дека случајот „Трезор“ се базира на лаги и конструкции, тврди одбраната

Ноторна невистина, според одбраната е тврдењето на Јавното обвинителство дека Сашо Мијалков, наводно му наложил на Ѓоко Поповски, тогашен помошник министер во МВР задолжен за јавно набавки да ја спроведува постапката која е предмет на ова обвинение.

„Имено никаде во неговиот исказ не произлегува заклучок дека Ѓоко Поповски бил инструиран, односно дека Сашо Мијалков усно му наложил да ја отпочне постапката за набавка на оваа опрема, бидејќи набавката на оваа опрема се реализира преку МВР, а не преку УБК.“ изјави адвокатот Љупчо Шврговски.

Одбраната тврди дека Јавниот обвинител во денешните завршни зборови манипулирал и со одговорот на британските авторитети кои учествувале во склучување на договорот за набавка на опрема за потребите на МВР.

„Ќе почнам од тврдењето дека Сашо Мијалков и останатите обвинети во 2007 година престојувале во Лондон каде што договориле наводна набавка на опрема. Од самите докази кои што ги презентираше Јавниот обвинител, а ги обезбеди преку меѓународна правна помош, од британските авторитети можеше да се заклучи единствено дека ниту Сашо Мијалков, ниту останатите обвинети не оствариле средба ниту пак договориле било каква набавка на опрема која што е предмет на обвинението. Тоа впрочем произлегува од материјалниот доказ кој што Јавниот обвинител го доби со меѓународна правна помош преку истражување на лицата кои биле вклучени во проектот ГАМА.“ рече Шврговски.

Одбраната е едногласна дека после денешните завршни зборови единствен доказ е дека нема доказ дека обвинетите го сториле кривичното дело кое им се става на товар во предметот Трезор.

Одбраната смета дека обвинителство постапило крајно паушално и неодговорно и при утврдувањето на материјалната штета. Според одбраната, Јавниот обвинител ги игнорирал доказите и воопшто не доставил стручно вештачење.

„Во делот на штетната последица која обвинителот ја опиша дека изнесува некаде околу 48 милиони денари, сакам да наведам дека ЈО не достави материјален доказ, а тој материјален доказ се однесува на изготвено вештачење од областа на економско-финансиската наука, вештина или знаење. За тоа е потребно стручно мислење или експертиза на вештак од таа област, а ЈО ги нема тие знаења, познавања и вештини и во никој случај самиот не може да констатира штета која што им ја става на товар на обвинетите. Напротив одбраната во доказната постапка презентираше доказ од кој што недвосмислено произлегува дека не постои никаква штета по МВР, односно дека фирмата Финзи работела со позитивна нула.“ потенцираше Шврговски.

Одбраната е зачудена и од тоа што во овој предмет кој се води неколку години , ЈО не успеало да наведе ниту една норма во кој било законски или подзаконски акт што била прекршена од страна на Сашо Мијалков, а истиот го товарат со општата одредба „злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Без тоа, тврди одбраната не може да има злоупотреба.

Одбраната смета дека ваквата недоследност и неиздржаност на обвинителниот акт е спротивна на одребите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Впрочем ова се одлуки и на Стразбур кој што се правно обврзувачки и на нашата држава. Во тие се сугерира не само таа повреда да се однесува на друг закон, туку таа мора да биде и од казнива природа. Во конкретниот случај не само што немаме упатна норма, односно со кои дејствија Сашо Мијалков ја повредил одредбата од некој друг акт, туку воопшто нема ниту специфицирано на што се однесува истата. Дејствие на извршување без повреда на бланкетна норма за ова кривично дело е апсолутно неосновано и неиздржливо.“ нагласи Шврговски.

Одбрната најави дека во завршниот збор ќе ја елаборира недоследноста и неоснованоста на обвинението и се надева дека судот ќе биде на висина на својата задача и дека ќе донесе правична одлука.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести