13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

СКОРО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ВРЕДИ СЛИКАТА НА ГОЛАТА ДЕМИ МУР (фото)

Дали се сеќавате кога голата Деми Мур, која тогаш беше во седмиот месец од бременоста, позираше за августското издание на списанието „Vanity Fair“ далечната 1991 година?

Во тоа време, насловната страница се сметаше за доста контроверзна, но денес, по се изгледа, ситуацијата е далеку поинаква. Познатата фотографија повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, но овој пат во форма на платно високо два метра, потпишано од Бенкси. Бидејќи ова уметничко дело во целост е направено во неговиот познат стил, платното ни претставува бремена гола фигура, која го гали стомакот, но носи маска и пуши цигара.

Според наводите, оваа креација на Бенкси дебитирала на неговата изложба во 2006 година, Barely Legal, која засекогаш го смени неговиот имиџ. Сега, ова уметничко дело станува дел од аукцијата на Sotheby’s, која ќе се одржи на 25 март, со проценета вредност од 2,8 милиони долари. Ема Бејкер, директор за продажба на современа уметност во Sotheby’s во Лондон, изјави: „Оваа слика е олицетворение на неговиот хумор и храброст. Тој исмева славната личност, но тоа не го прави само во форма на пародија, туку и на многу повисоки нивоа. Можете да ја набљудувате како модерна божица на плодноста, особено во контекст на фината уметност “.

Сликата ја продава приватен сопственик и ова е првпат да се најде на аукција. Пред некое време, славниот уметник остави низа општествено значајни пораки за да ги инспирира луѓето да носат маски, цртајќи графити по лондонското метро.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести