14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Внимавајте! Третиот бран на Ковид-19 зема замав

Бројот на заболени и хоспитализирани со Ковид-19 и натаму не се намалува. Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се нови 1.299 случаи со Ковид-19, 24 починати и 413 оздравени пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжително да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните.

-Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници, порачува министерот Филипче.

На инфективните оддели се лекуваат 1289 пациенти со Ковид-19, од кои 543 се во Скопје. За 24 часа во Скопје се хоспитализирани 84 пациенти.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројот на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а на активни случаи изнесува 15.038 од кои 7736 се во Скопје.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести