20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ШЕРОН СТОУН ПРОЗБОРЕ ЗА КУЛТНАТА СЦЕНА: Ме убедија да ги соблечам гаќичките.. (фото)

Во своите мемоари „The Beauty of Living Twice“, Шерон Стоун зборуваше за непријатностите што ги доживеа во нејзината кариера и призна дека снимањето на „Basic Instinct“ и било особено тешко.

Стоун, која имаше 32 години за време на снимањето, изјавила дека и било ветено дека нејзината интимна зона нема да биде видлива за камерата, па затоа тврди дека била измамена затоа што ја снимала култната сцена во филмот со прекрстени нозе.

Таа додаде дека сфатила дека договорот не е почитуван кога ја видела последната верзија на филмот во просторија полна со агенти и адвокати, од кои повеќето немаат никаква врска со проектот.

  • Така првпат ја видов мојата вагина откако ми рекоа:„ Ништо нема да се види, само треба да ја соблечеш долната облека, бидејќи белата боја рефлектира светлина, па затоа знаеме дека носиш долна облека. Да, имаше многу погледи за оваа тема, но бидејќи јас сум таа со вагината, можам само да кажам дека сите други ставови се чисто срање, напиша таа.

По гледањето на филмот, Стоун вели дека му удрила шлаканица на режисерот Пол Верхевен, отишла до нејзиниот автомобил и повикала адвокат, иако на следните состаноци била известена дека нема многу избор.

  • Мислев и размислував и решив да ја дозволам оваа сцена во филмот. Зошто? Затоа што беше соодветно за овој филм и за ликот, и конечно затоа што го сторив тоа во секој случај, заклучи Стоун.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести