2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ПОЛИТИЧАРИ ОД ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА СОРАБОТУВАЛЕ СО ВЕЉА НЕВОЉА! Србија ќе ги објави имињата

Политичари од власта и опозицијата биле во контакт со уапсениот водач на криминалниот клан Вељко Беливук, вели Светозар Вујачиќ, советник на министерот за внатрешни работи Александар Вулин.

-Тие му овозможиле да го направи она што го правел, а за тоа му овозможувале и заштита додаде тој.

Вујачиќ рече дека со нарачателот на бруталните убиства контактирале актери, спортисти и пејачи и дека јавноста буквално ќе се зачуди кога ќе се откријат нивните имиња.

– Криминалната група на Беливук имала свои луѓе во обвинителството, судот и во државните органи и меѓу политичарите, од кои некои беа на високи позиции во државата. Без таа поддршка, тој немало да може да го стори она што го сторил. Тие документи се чуваат како строго доверливи и во оваа фаза, назначувањето на кој било од пријателите на Беливук би наштетило на истражната постапка – посочува Вујачиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести