6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

НАУНОВСКИ: Помирување на ново раководство во ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ треба да биде нова парадигма за Македонскиот народ

Реакција, став на д-р Тони Науновски во врска со најавениот протест пред затворот во Штип

“Стварно се за жалење, заради нивната наивност, глупост… даваат поддршка на обидот за нивна партиска инструментализација од дувлото на простаците, наместо да сфатат дека шансата за нивна слобода ја пропуштија во изминативе денови, кога всушност требаше да дадат поддршка за Конгресот и реализација на концептот за политичко приближување и заедничко владеење на Сдс и вмро дпмне (со ново раководство). Таа визија денес е единствена која може, колку-толку, да ги одбрани македонските национални и државни интереси, среде жестокиот подем на големобугарскиот и големоалбанскиот национализам, и вообичаениот јавашлук на дуи кој е веќе тотално спротивен на било која идеја за демократска држава. Да имаше ново раководство на вмро дпмне ќе имаше шанси во помирувачките договори со Сдс да се постави вашиот проблем и ревизија на случајот. Денес, ниту Сдс сами, ниту вмро дпмне сами, нема да можат да донесат никакви одлуки во ваша полза, премногу се слаби сами и секогаш зависни од дуи или Зијадин и други. Токму затоа, големото помирување и заедничка власт/влада меѓу ново вмро дпмне и Сдс, колку и навидум да изгледа невозможно и чудно од денешна перспектива, мора да биде новата парадигма за Македонскиот народ. Сум зборувал и пишувал и порано за оваа идеја, голема штета е што имаше можност набрзо да се реализира со ново раководство на вмро дпмне, и историски грев ќе носат оние кои можеа но не помогнаа да успее смената на оние што се сега во вмро дпмне, и кои 4 г. губат од Сдс, и ќе продолжат да губат во нивниот опортунизам, самоконтрадикторни политики, неспособност и алчност за фотељи. Сепак, добро е што барем пак не повикаа да се гласа за гога јога натпартиската граѓанска кандидатка на Мицковски, која не бидна претседател а сега како пратеник и експертка голема по право не поднесе закон за аболиција/амнестија, стварно штета. А којзнае, може Мицковски и оној платеникот негов од зелениково крилестиот а ла викторија сикрет пејач, водачот на глупаци, ќе ги убедат нивните коалициони партнери Зијадин села и африм гаши да гласаат за ваше ослободување, по едно 15-20 години ако направат влада, ако дотогаш му го исплатите отштетното барање на Зијадин од 500 000 евра. Со среќа нека ви е.” – пишува Науновски на Фејсбук.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести