6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Борисов се фали: Во Бугарија има слобода на говор како никаде на друго место

„Во Бугарија слободата на говорот е толку многу слободнa што тешко може да се спореди со другите земји “.

Ова го изјави премиерот Бојко Борисов како одговор на новинарско прашање за време на прес-конференција во Виена по состанокот со лидерите на ЕУ за распределбата на
вакцините во Унијата.

„Се осмелувам да кажам дека вашето прашање за слободата на говорот во Бугарија е неточно. Зошто? Со најголемите медиуми во Бугарија управуваат големи странски компании. Најголемиот медоум БТВ го држи чешкиот државјанин Келнер кој го купи и нашиот мобилен оператор. Другата голема ТВ куќа „Нова“ беше купена од една од најголемите групи – „Јунајтед“. Сите се со 100 отсто странско учество. Во никој случај не се поврзани со нас “, рече Борисов.

Во исто време, во април минатата година меѓународната организација „Репортери без
граници“ ја стави Бугарија на 111-то место според слободата на говорот трета година по ред.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести