6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Француските власти објавија појава на нов вид на корона вирус кои не може да се открие со стандардни PCR тестови

Француските власти објавија појава на нов вид на корона вирусот на северозападот на земјата и дека овој вид не може да се открие со стандардни PCR тестови.

Започна истрага во Бретаања, Франција, откако геномското секвенцирање откри осум носители на нов вид на корона вирус во група од 79 заразени пациенти во градот Ланион.

Францускиот министер за здравство рече дека новиот вид се чини дека не е позаразен и не предизвикува потешка форма на болеста КОВИД-19. Но, на прес-конференција за медиумите, француските здравствени власти изразија загриженост за фактот дека овој нов вид избегнува откривање со стандардни PCR тестови.

Белгискиот вирусолог и меѓу-федерален портпарол за КОВИД-19 Стивен Ван Гухт објасни дека осум пациенти покажале вообичаени симптоми на КОВИД-19, но дека PCR -тестовите упорно покажувале негативни резултати на нив.

Појавата на новиот вид доаѓа во време кога Франција бележи нов пораст на бројот на заразени, а нивниот претседател Емануел Макрон предупредува на нови мерки за затворање во следните неколку дена.

Светската здравствена организација го категоризираше новиот вид како „вид под истрага“, а не како „загрижувачки вид“, како што беше случајот, на пример, со британските, јужноафриканските и бразилските соеви.

Гухт посочи дека постојат многу различни тестови во употреба во различни лаборатории и дека е можно некои тестови да имаат проблем со откривање на одредена варијанта на корона вирусот. Тестовите обично откриваат еден до три различни делови на вирусот.

Во меѓувреме, француските власти го спроведуваат потребниот мониторинг и мерките за поддршка на здравствениот систем.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести