6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

СТАРЛЕТАТА ШТО ГО ДРМА ФУДБАЛОТ, РАЗДЕЛИ НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ, И ИМА СЕ*С 12 ПАТИ НА ДЕН (фото)

Аргентинската старлета и медиумска личност Ванда Нара никогаш не се двоумеше отворено да зборува за своите сексуални активности и да се пофали со разголени фотографии, но неодамна се појавија сочни озборувања дека има секс со сопругот Маури Икарди 12 пати на ден, кој моментално игра за ПСЖ.

Овие тврдења ги изнесе поранешниот дефанзивец на италијанската репрезентација, Даниел Адани, за време на гостувањето во емисијата на Twitch од страна на неговиот сонародник и колега Кристијано Виери. Меѓу другото, прославените фудбалери споделија неколку сочни детали од приватниот живот на нивните поранешни соиграчи и познаници од светот на фудбалот.

Така, тие откриле дека Икарди и Ванда понекогаш завршуваат во кревет и 12 пати на ден. Ова не е прв пат интимните детали за контроверзната двојка да завршат во јавноста, 34-годишната еднаш призна дека орално го задоволува својот сопруг секоја вечер.

Инаку, минатата година, откако тренерот на Интер, Антонио Конте, ги замоли своите играчи помалку да се заморуваат за време на сексуален однос, новинарите го замолија Маури да го коментира тоа, имајќи предвид дека Икарди во тоа време беше сè уште дел од овој тим.

  • Не знам што да кажам. Треба да проба некогаш пред натпревар, но тој е многу професионален и никогаш не прави ништо пред натпреварот. Само по него и тоа ако натпреварот заврши добро. Ако не, тој дури и не ме гледа- признала минијатурната русокоса.

Да потсетиме, Ванда се прослави како дел од скандалознотољубовно трио кое ја постави на сцена! Имено, таа го запозна Икарди преку нејзиниот поранешен сопруг Макси Лопез – двајцата беа блиски пријатели, но и колеги од репрезентацијата на Аргентина!

Во еден момент од бракот со Лопез, со кого има три деца, таа му фрли око на Маури, и не само тоа … Наскоро се разведе и од госпоѓа Лопез стана госпоѓа Икарди, а после тоа заработи епитетот на најозлогласена прељубница на планетата и до денес таа не се ослободи од него.

Двојката размени брачни завети во 2014 година, а тие добија и две ќерки и тие се претставуваат во јавноста како идилично семејство без никакви проблеми, но многу е веројатно дека зад таа илузија стои планина од проблеми, барем ако се верува на честите шпекулациите во медиумите.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести