11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

На море во Грција ќе може од 14ти мај – еве какви се протоколите

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, изјави денеска дека целта на земјата е да ги отвори границите за странски туристи на 14 мај оваа година.

Тој изразил надеж дека нема долго да се чекаат на добри вести и дека таа земја наскоро ќе биде во прилика да објави протоколи по кои ќе се одвива туризмот во Грција.

„Целта е да го угостиме секој патник кој е сертифицирано, здрав. Односно секој турист кој е вакциниран или кој има негативен тест на Ковид-19, или има антитела на вирусот. Ќе објавиме насоки на патниците кои стигнуваат во нашата земја. Истовремено очекуваме да постигнеме вакцинација на врботените во туризмот, како и спроведување на чести прегледи“, рече Теохарис.

Моментално Грција е затворена за патници од трети земји. Во таа земја смеат само патници од ЕУ и тоа само од одредени пристаништа, аеродроми и од граничниот премин со Бугарија „Промахонас“.

И премиерот Кирјакос Мицотакис изрази уверување дека Грција престојната сезона ќе биде подготвена за прием на туристите кои ќе решат одморот да го поминат во земјата.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести