Ни претставува особена чест и задоволство да ви ја најавиме соработката на медиа.мк со најдобриот млад водител и најпопуларен јутубер во Македонија, Стефан Лазаров.
Неговата медиумска кариера започна сосема неочекувано, а за краток период ги освои симпатиите на јавноста најпрво со емисијата “Ексклузив” на “1ТВ”, а потоа и како водител на утринската програма на ТВ Алфа. Стефан одлучи да го напушти телевизискиот простор и започна нова авантура со свој јутјуб канал.
Повторно за краток период и со оргинална содржина ја освои “титулата” најдобар јутубер. Секојдневните авантури, пранкови и емисијата “Carpool Karaoke” ја држи македонската публика активна на неговиот јутјуб канал.
Медиа.мк се одлучи да го подржи Лазаров и да започне заеднички студиски проект во кој ќе чуете се што досега не сте чуле, ќе видите се што досега не сте виделе, затоа подгответе се секоја недела во 20:00 часот на каналот на Стефан Лазаров.
Ви ветуваме многу ексклузивни гости, разговори за “забранети теми” и подигнување на стандардите на шоу бизнисот.
Во недела во 20:00 честа да ја отвори првата сезона на ” Лазаров Шоу” му припадна на Раус младиот трапер кој во моментов важи за еден од најпопуларните артисти и ужива голема поддршка од македонската но и публиката во регионот.
Врзете се, полетуваме!
