20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ТАЖНА СЛИКА: Ветеринари и полиција ги чуваат мајка и ќерка, последните два бели носорози на планетата

Фотографија од Кенија на која се прикажани последните два бели носорози го обиколи светот. Ветеринари и ловочувари од округот Лаикипи штитат мајка и ќерка северен бел носорог од ловокрадците.

Авторот на фотографиите е познат натуралист фотограф од САД, Џастин Мот, како дел од специјалната серија фотографии наречена „Kindred Guardians“ чиј фокус е животот на луѓето кои својот живот го посветиле на зачувување на природата.

Последниот маж од овој вид почина пред три години во истиот парк, што значи дека нема надеж за северниот бел носорог. Нату и Фајин се единствените претставници од ваков вид и живеат во оградена област, додека за нив се грижат членови на резерватот и националната полиција во Кенија.

Жалосно и алармантно е што популацијата на сите носорози во светот драстично опаѓа и најмногу од сите бели носорози се пред истребување.

Секојдневно сме сведоци на загрозеност на природните живеалишта, прекумерен лов, загадување на природата. Ова доведува до алармантно намалување на популацијата на дивата флора и фауна и до најлош исход, истребување на видовите.

Уште колку видови треба да исчезнат за да станеме свесни како човештво?

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести