20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Средба на министерката Шахпаска и претставничката на УНИЦЕФ

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпска и претставничката на УНИЦЕФ во нашата држава, Патриција ди Џовани, денеска ја потпишаа Програмата за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ за 2021 година, која е дел од Програмата за соработка на УНИЦЕФ со Северна Македонија 2021- 2025 година.

Министерката Шахпаска изрази голема благодарност за долгогодишната поддршка од страна на УНИЦЕФ во планирањето и имплементацијата на политики од јавен интерес насочени кон градење на инклузивно општество и социјална кохезија.

„Министерството за труд и социјална политика како ресорно министерство во чија надлежност е грижата  за најранливата категорија на граѓани и обезбедување на можности и подобри услови за сите оние кои тоа им е неопходно, оттука и  огромното значење на поддршката која УНИЦЕФ  преку бројни програми и проекти во соработка со нашите институции ја овозможува,“ истакна министерката Шахпаска.

На денешната средба се разговараше и за системот на згрижувањето и отворањето на Центри за поддршка на згрижувачките семејства во Скопје  и Битола, за прв пат во нашата земја, при што од страна на УНИЦЕФ се обезбедува обука за стручни лица, кои ќе работата во нив .

Унапредувањето на  системот  за посвојување кој би бил заснован на принцип на најдобар интерес на детето, проширувањето на социјалните услуги во Дневните центри за лица со попреченост исто така беа теми на кои се разговараше на денешната средба.

Министерката истакна дека изминатите 6 месеци, министерството посветено работи и на зголемување на опфатот на деца во градинките, преку отворање на нови и проширување на постоечките  капацитети,  при што се внимава да бидат опфатени руралните средини, помалите места и онаму каде потребите се зголемени.

Од страна на претставничката на УНИЦЕФ , Патриција ди Џовани беше изразена подготвеност за продолжување на одличната досегашна соработка и идни проекти на кои заеднички со Министерството ќе работат   а се во интерес на сите граѓани во нашето општество.
 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести