10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

СИТЕ ТАЈНИ ЗА БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО

Британската кралска историја докажува дека со голема моќ доаѓа голема одговорност и мноштво правила. Иако улогата на круната во современото општество е претежно симболична, остатоците од традициите пренесени за време на милениумското владеење на монархијата се моќен потсетник на минатото.

  1. Кој беше првиот крал на Англија?

Првиот крал на цела Англија e Етелстан Велики, познат и како Етелстан славниот (895-939 г. н.е.), внук на Алфред Велики. Англосаксонскиот крал го победи последниот освојувач на Викинзите и ја консолидираше Британија, владеејќи од 925-939 година.

  1. Кој може да стане крал или кралица?

Почнувајќи од владеењето на Вилијам Освојувачот, монархијата преминуваше од кралот на првородениот син. Тоа се смени во 1702 година кога британскиот парламент го усвои Законот за порамнување, според кој по смртта на кралот Вилијам Трети, титулата може да премине и кај женските членови- сè додека не постои машки наследник кој може да го заземе местото. Во тоа време, англиското обичајно право сметаше дека машките наследници го наследуваат престолот пред своите сестри.

Исто така, се наведува дека секој наследник кој ќе се ожени со член на Римокатоличката црква, ќе биде отстранет од правото на наследство.

Правилата за тоа кој може да го наследи британскиот престол не беа ажурирани се до 2013 година, кога Парламентот го донесе Законот за наследување на круната. Според него, кралството преминува кај првородениот наследник, без оглед на полот.

  1. Британски монарх има право на вето на брак на член на семејство

Законот за кралски брак од 1772 година му даде на монархот право на вето на секој брак во кралското семејство. Тоа е донесено како одговор на гневот на Џорџ III поради бракот на неговиот помлад брат принцот Хенри со Ана Хортон.

Оттогаш, кралските членови кои се надеваат на брак, мора да побараат од круната дозвола за бракот, која не е секогаш давана.

Познато е дека кралицата Елизабета Втора го одби барањето на нејзината сестра принцезата Маргарет да се омажи за Питер Таунсенд, воен херој кого кралицата го сметаше за несоодветен затоа што и тој беше разведен.

Оваа моќ малку се намали со донесувањето на Законот за наследување на круната од 2013 година, со кој им се овозможи на наследниците надвор од првите шест во редовите на кралското наследство да се венчаат без дозвола на монархот.

  1. Англискиот крал и кралица немале презиме сè до Првата светска војна

До почетокот на 20 век, владејачките суверени се нарекуваа по  имињата на семејствата или „куќи“. На пример, Хенри VIII и неговите деца беа Тјудори, пред нив биле Стјуарт. Ова се смени за време на Првата светска војна, кога Англија војуваше со Германија.

Кралот Џорџ V имаше неколку чудни семејни врски: неговиот дедо, принцот Алберт, е роден во Германија и преку него Џорџ V стана и главен наСакс Кобург и Гота. За да се направи разлика помеѓу британскиот престол и неговите прекуокеански врски, семејното име беше заменето со помодерно, англиско презиме: Виндзор. Името е инспирирано од замокот Виндзор, основан од Вилијам Освојувачот.

  1. Дали британските принцови можат да стапат во брак со обични луѓе?

Британските принцови се венчаат со обични луѓе, без кралско потекло, уште од 15 век, иако во семејство каде што крвта ја одредува моќта, ваквите бракови се секогаш контроверзни. Во 1464 година, кралот Едвард IV тајно се оженил со Елизабет Вудвил. Идниот крал Џејмс Втори се оженил со обична жена – Ен Хајд, која останала бремена со него. Таа починала пред тој да стане крал.

Со донесувањето на законот за кралски брак од 1772 година, како одговор на бракот на принцот Хенри со Ана Хортон, кралските бракови практично се исчезнати скоро 250 години.

На децата на принцот Чарлс и принцезата Дајана им е дозволено да стапат во брак со обични жени: принцот Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон во 2011 година, додека принцот Хари се ожени со актерката Меган Маркл во 2018 година.

  1. Дали принцовите можат да се разведат?

Кралскиот развод беше кралска болка до неодамна; Дури во 2002 година, Англиската црква им дозволи на разведените луѓе да се венчаат.

Бидејќи монархот е исто така и поглавар на Англиканската црква, на наследниците на престолот всушност им е забрането да се венчаат со  разведени луѓе – или да се разведат.

Во 1820 година, кралот Џорџ IV се појави пред парламентарниот совет во обид да се разведе од сопругата Каролина од Брунсвик, која ја обвини за неверство. Тој само успеа да доведе до скандал и да ја зајакне пораката дека не можете да ги држите круната и документите за развод истовремено.

Во 1936 година, Едвард VIII абдицираше од тронот со цел да се ожени со Волис Симпсон, кој веќе беше разведена двапати. Тој беше последниот монарх кој беше принуден да избере помеѓу љубов и наследство.

Пред одлуката на црквата во 2002 година, на сестрата на кралицата Елизабета Втора, принцезата Маргарет, и беше дозволено да се разведе во 1978 година.

Елизабета и во 1996 година, дозволи развод меѓу нејзиниот син принцот Чарлс и принцезата Дајана. Чарлс после тоа се ожени со Камила Паркер во 2005 година, која исто така беше разведена, а неговиот син принцот Хари се ожени со Меган Маркл 2018 која е исто така разведена.

  1. Британскиот монарх не е само крал или кралица на Англија

Покрај тоа што е поглавар на Англиканската црква, британскиот монарх е и главен на Комонвелтот, асоцијација на 54 независни држави, од кои повеќето некогаш беа колониина  Британската империја.

Елизабета Втора е кралица на 16 земји кои се дел од Комонвелтот: Антигва и Барбуда, Австралија, Бахами, Барбадос, Белизе, Канада, Гренада, Јамајка, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја, Сент Китс и Невис, Света Лусија, Свети Винсент и Гренадините, Соломоновите острови, Тувалу и Велика Британија.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести