Италијански ветеринари го открија првиот случај на инфекција со британскиот вид на вирус кај мачка што живее во семејство, во општина Новара.
Во Италија, во споредба со пред дваесет дена, кога беше забележан почетокот на третиот бран на пандемијата COVID-19, бројот на смртни случаи е двојно зголемен за еден ден, а бројот на новоинфицирани е поголем за неколку илјади.
Во последните 24 часа од инфекцијата починале 423 лица, а меѓу 350 илјади тестирани откриени се скоро 25 илјади нови случаи на инфекција, пишува агенцијата Анса.
Ветеринарите го открија првиот случај на инфекција со британскиот вид на вирус кај мачка која живее во семејство, во општина Новара.
Сопствениците на домашното животно се наоѓаат во карантин поради инфекцијата, а според експертите на зоопрофилактичкиот институт мачката се заразила од сопственикот и ги имала истите симптоми како и луѓето.
Директорот на Институтот, Анџело Ферари, потврди дека инфекцијата се пренесувала од луѓе на животни, а не обратно, и дека домашните животни не се носители на инфекцијата.
Тој потсети дека на фармите за размножување визон, чие крзно се користи за производство на скапи крзнени палта, инфекцијата се пренела од луѓето, односно од персоналот што работел на тие фарми.
Во Италија, и некои други европски земји, сите тие фармски животни се убиваат, превентивно, а фармите се затворени.