11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Еве дали марихуаната спречува ширење на корона вирусот

Според истражувачите од Универзитетот во Чикаго, kanabidiol (CBD), хемикалија во растението Kanabis sativa, позната и како марихуана, и неговиот метаболит 7-ОН-CBD, ја блокирал репликацијата на коронавирусот во епителните клетки на белите дробови. Епителните клетки се клетки кои потекнуваат од површини на телото, како што се кожата, крвните садови, уринарниот тракт или органите.

Истражувачите исто така откриле дека CBD спречува ширење на вирусни гени и ги менува многу ефектите што ги има вирусот корона врз транскрипцијата на генот домаќин. CBD, исто така, се чини дека доведува до изразување на интерферон, протеин што го ослободуваат клетките, како одговор на влегување на вируси, што треба да спречи ширење на вирусот. Покрај тоа, кај оние пациенти кои земале ЦБД, инциденцата на инфекција со коронавирус била помала отколку кај оние кои не земале.

  • Оваа студија ги потенцира CBD и неговиот активен метаболит, 7-ОН-CBD, како потенцијални превентивни агенси и терапевтски третмани за коронавирус во раните фази на инфекцијата, изјави за „News Medical“ водечкиот автор на студијата, Марша Роснер.

Ова не е прв пат научниците да изјават дека CBD може да помогне во спречување на COVID-19.

Според д-р Френк Лусидо, семеен лекар кој лекува пациенти со медицински канабис, CBD може потенцијално да ги намали цитокините, супстанца што ја лачат клетките на имунитетот како дел од природниот имунолошки одговор на организмот.

  • CBD има ветувачки ефект во намалувањето на бурата со цитокини, што се чини дека е најштетниот аспект на инфекцијата со COVID -19 – изјави Лусидо за „San Francisco Hronicles“ во септември 2020 година.

Во рецензирана статија објавена во списанието „Brain, Behavior, Immunity“, истражувачите од Универзитетот во Небраска и Тексашкиот институт за биомедицинско истражување рекоа дека CBD ги намалува коронарните срцеви заболувања и производството на цитокини од имуните клетки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести