10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ШОКАНТНА СТОРИЈА ГО ЗГРОЗИ СВЕТОТ: Девојче од 8 и момче 13 години се во врска и споделуваат недолични фотографии, родителите одобруваат (фото)

Избувна голем скандал во Украина, откако беше откриено дека осумгодишна блогерка, на чии профили на социјалните мрежи има милиони следбеници, се забавувала со тринаесетгодишно момче, сето тоа со целосна согласност и поддршка на нејзината мајка, која ги контролира сите нејзини сметки.

Малата Милана Маханец има скоро 7 милиони следбеници на социјалните мрежи Like и TikTok, кои се многу популарни меѓу руските и украинските деца и млади. Девојчето работи и како модел и учествува на детски модни ревии, пренесува РТ.

Таа на социјалната мрежа Instagram, каде има повеќе од половина милион следбеници, во сега избришаниот пост објави дека стапила во врска со Паша Паи, тринаесетгодишен блогер од Москва.

Сепак, иако оваа врска привлече неодамна многу внимание во јавноста, се чини дека трае веќе некое време. Милана и Паша на Instagram, како дел од опцијата „Instagram Stories“, зачуваа фотографии на кои тие се бакнуваат, допираат, па дури и спијат во истиот кревет. На една од фотографиите двајцата се гушкаат додека девојчето во долна облека мие заби.

Меѓутоа, кога оваа „љубовна приказна“ привлече големо внимание во медиумите, повеќето од ваквите фотографии и видеа беа отстранети.

Интересно е што според описот на Instagram профилот на девојчето, сметката ја води нејзината мајка Дарја, која ги прифати сите критики и приговори. Како што објасни, таа нема проблем со врската на нејзината ќерка и истакна дека тоа е „нивниот живот, кој ќе го градат како што сакаат“.

На социјалните мрежи имаше многу критики на сметка на Дарја, па имаше дури и повици за одземање на нејзината ќерка.

Една мајка од Украина на социјалната мрежа Facebook напиша дека Дарја „има проблеми во главата“.

  • Поради парите, таа ја прави својата ќерка предмет на страст. Покрај бројните коментари од други деца, Дарја не разбира дека повеќето од овие коментари се напишани од педофили. Детското моделирање и нивното учество на натпревари за убавина отсекогаш претставувало рак во овие индустрии, а сега на тоа можете да ги додадете и детските блогери – напиша таа, додавајќи дека приказна како оваа може да заврши лошо, дури и со фатален исход.

Во друга објава, еден адвокат напиша дека мајката на Милана направила осумгодишно девојче „заводлива жена за перверзни“.

Еден украински новинар и поранешен политичар повика на реакција од надлежните органи и рече дека ваквиот вид на промоција на Милана и Паша е многу близу до детска порнографија.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести