11 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

Претрес во Скопје, пронајдена дрога и халуциногени средства

Денеска (18.03.2021), полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР во кооординација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога го лиши од слобода М.С.(29) од Велес, со престојувалиште во Скопје. При претрес во дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, масло од хашиш, поголема количина халуциногени средства и пари од продажба на дрога.

М.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести