5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Елон Маск, самопрогласениот техно-крал на Tesla, повторно прави музика (ВИДЕО)

Елон Маск, самопрогласениот техно-крал на Tesla, повторно прави музика.
Тој објави една техно-песна на својот профил на Twitter и напиша дека ја продава како NFT (Non-fungible tokens).

И да, темата на песната е исто така NFT. Тоа е, всушност, посебен вид криптовалута, каде што секоја единица е уникатна, односно незаменлива. Тие често се користат за уметнички дела, а во последно време тие добиваат голема популарност, а некои се продаваат за милиони.

Што се однесува до самата песна, таа сè уште нема наслов, но во спотот се споменуваат фразите NFT, „Vanity Trophy“, „HODL“ и „Computers Never Sleep“, така што некои од тоа може да бидат насловот на ова „ремек-дело“.

Маск сеуште не спомнал никакви детали во врска со продажбата, но познавајќи го, не би биле изненадени доколку навистина не му ја продаде некому за големи пари.

Патем, ова не е прва песна на Маск. Минатата година тој објави песна наречена „Don’t Doubt Your Vibe“, која е повеќе или помалку од истиот жанр како и оваа, а во 2019 година, тој ја објави рап песната „RIP Harambe“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести