11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Хрватски научник тврди дека оваа пролет завршува пандемијата

Научникот Гордан Лауц, кој е дел на научниот совет на хрватската влада за борба против коронавирусот, е меѓу ретките што се противи на остри мерки во борбата против епидемијата, поради што тој често е критикуван од колегите научници. Тој зборуваше за Н1 за тоа што ја чека Хрватска.

Сè уште мислам дека пандемијата е при крај оваа пролет, а фактот дека имаме мало зголемување на бројот на заразени не значи дека пандемијата не завршува, рече Лауц, додавајќи дека бројот на хоспитализирани, стари лица, заразени и умрени не го следат бројот на ново заразени. Тоа покажува дека во голема мера ја ставивме под контрола пандемијата, рече Лауц.

Бројот на нови хоспитализации е најмалку една недела зад заразените, рече Лауц.

Лауц смета дека Хрватска не направи добар избор на вакцини, дека ќе беше подобро ако избреше некои други вакцини, но дека за време на нарачката никој не можеше да знае какви ќе бидат резултатите.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести