10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Поведена постапка за фалсификување пари

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Долна Лешница за кое постои сомневање дека сторило кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 12 март, при претрес во домот на осомничениот 44-годишник биле пронајдени фалсификувани 12.885 евра, 250 швајцарски франци и 40 кувајтски динари. Лажните банкноти во различни апоени осомничениот имал намера да ги пушти во оптек како вистински.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да ја попречува истрагата и да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести