5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека од утре до понеделник во државата речиси ништо нема да работи

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека од утре до понеделник во државата речиси ништо нема да работи, се ќе биде затворено, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.

По седницата на Кризниот штаб за борба со епидемијата на коронавирусот, Брнабиќ изјави дека нема да има полициски час.

Според неа, тие мерки се компромисно решение бидејќи медицинскиот дел од Кризниот штаб побарал затворање во траење од 14 дена.

Здравствените власти сметаат дека нема друг начин да се спречат собирањата, особено на младите, во диви дискотеки, кои секојдневно се откриваат.

Медицинскиот координатор на ковид-болницата во Арена во Белград, Предраг Богдановиќ денеска изјави дека построгите мерки во текот на изминатите три викенди не влијаат врз намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19.

Единствен од функционерите кој не се согласува со ваквите мерки е заменик-градоначалникот на Белград Горан Весиќ кој вели дека ги почитува напорите направени од извршната власт да се најде компромис меѓу барањата на медицинскиот дел на Кризниот штаб и оние што се занимаваат со економија, но смета дека „секое заострување на мерките значи економски штета и губење на работа “.

Тој во утринската програма на ТВ Хепи рече дека викендот што измина, кога не беше отворен ниту еден угостителски објект, покажал дека се организирале многу приватни забави.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести