8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

СИТЕ ГО ЧЕКАА ОВА: Лазаров со отворена понуда до Гарванлиев (фото)

Најпопуларниот македонски јутубер Стефан Лазаров во соработка со медиа.мк започнува голем студиски проект, шоу од забавен карактер кое ќе се емитува на youtube каналот на Лазаров, а има за цел на публиката да се понуди нешто ново и досега невидено и нечуено.

Со оглед на драмата која се одвива деновиве, а во центарот на драмата е македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев кој можеби ненамерно се најде во “проблем” откако наиде на силни критики поради вметнување на уметничко дело во спотот кое “ненамерно” било преуредено да личи на знамето на Република Бугарија.

Големо внимание привлече и видео коментарот на Лазаров кој синоќа го објави на својот канал, а наиде на поддршка кај голем дел од јавноста, по што денес беше започната и онлајн петиција за Гарванлиев да се откаже од настапот на Евровизија.

Младиот јутубер денеска упати јавна покана до евровизискиот претставник да биде прв гостин во новата емисија.

“Здраво Васил, сакам да те поканам најферски и најдругарски на интервју за мојот канал. Народот очекува да добие одговори од тебе на некои прашања , а јас те канам да направиме зрел муабет секако во пријателска атмосфера. Се надевам ќе размислиш и ќе прифатиш. Очекувам одговор..
Би бил прв гостин во моето ново шоу.” – пишува во пораката која Лазаров ја упати до Гарванлиев.

До овој момент според нашите информации одговор нема, а јавноста со нетрпение очекува ваквата емисија да се случи и со сигурност ќе биде следена со големо внимание од публиката.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести