5.8 C
Skopje
петок, април 26, 2024

186 санкционирани возачи во Скопје, 68 за брзо возење, 14 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 68 возачи, 14 санкции за возење без возачка дозвола, 3 за некористење на сигурносен појас.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за управување под дејство на алкохол, две за минување на затворен сигнал(црвено светло) и 43 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести