2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ФИЛИПЧЕ ЗА НАЛУТИ: Ќе поднесе тужба за навреда и клевета против Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за здравство, Филипче реагираше на обвинувањата изнесени на пресконференција од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Еве што напиша:

“Со очјани и срамни лаги ВМРО-ДПМНЕ продоложува да ме клевети, но уште пострашно намерно да го поткопува процесот за набавка на вакцини. Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат. Институциите си започнаа постапки со кои ќе се доккаже дека немално ништо спорно, ниту е направена било каква финансиска штета. Но, она што ќе остане е штетата која ја напрви ВМРО-ДПМНЕ во овој процес и сите блокади и деструкции од почеток на пандемијата. Сепак, јас нема да молчам веќе. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините. Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици! Тоа не ви носи политички поени а сериозно може да ја искомпромитира набавката на вакцините.” – пишува Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести