5.8 C
Skopje
петок, април 26, 2024

УШТЕ ЕДНА СЕ*С АФЕРА ГО ТРЕСЕ ХОЛИВУД

Странските медиуми објавија дека актерот Симон Бејкер бил виден во друштво на мистериозна бринета и дека не станувало збор само за пријателство, за што сведочат и нивните најнови фотографии на кои разменуваат нежности на една австралиска плажа.

Станува збор за 36-годишната Лора Меј Гибс, ко-сопственичка на бренд за спортска облека и голем љубител на јога и здрав начин на живот, како и голема противничка на какви било естетски операции и зафати.

„Daily Telegraph“ објави дека Симон и Лора се запознале токму во Бајрон Беј, каде се наоѓа нејзиното модно студио, во близина на неговата фирма.

Да потсетиме, актерот и неговата сопруга Ребека ја шокираа јавноста со веста за разводот по долг и хармоничен брак, иако на почетокот не се знаеше дека очигледно им пресудило трето лице.

  • Остануваме блиски пријатели и нашите три деца ќе останат нашиот најважен фокус“, изјавија неодамна за магазинот „People“.

Сепак, според „Fox News“, тие раскинале во април минатата година, а Симон пред неколку недели ја ставил на продажба нивната семејна куќа во Санта Моника и Калифорнија по цена од 6,3 милиони долари.

Симон и Ребека се запознаа во раните 90-ти, а тие се венчаа во 1998 година по пет години заеднички живот. Родители се 27-годишната Стела, 22-годишниот Клод и 19-годишниот Хари. Ребека Риг, како и нејзиниот поранешен сопруг, е актер, а е позната по улогата во „Fatty Finn i Ellie Parker“, а имаше и мала улога во „Jerry Maguire“ со Том Круз.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести