Вечерва на youtube каналот на најпопуларниот македонски јутубер Стефан Лазаров осамна видео во кое тој го кажува своето мислење за скандалот со евровизискиот спот каде во еден момент се појави уметничко дело кое “ненамерно” било преместено за да личи на знамето на Република Бугарија.
За само два часа повеќе од 10.000 луѓе го погледнаа видеото и пристигнуваат реакции со поддршка за Лазаров од сите страни, вклучително и од личности од јавниот живот во Македонија.
Погледнете го видеото каде Лазаров “брутално” искрено го разобличи Васил Гарванлиев, правејќи прецизна ретроспектива на неговата кариера и прикажувајќи делови од интервјуа каде македонскиот евровизиски претставник изјавува декаа воопшто “не се замара” со тоа што мисли македонската јавност.
