Медиа.мк ексклузивно дознава дека пред малку е уапсен Орце Камчев и во моментов се наоѓа во П.С. Карпош.
Бизнисменот Орце Камчев е еден од осомничените во истрагата на поранешното СЈО наречена „Империја“, поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители, но до овој момент немаме потврда за што точно е приведен. Според неофицијални информации се работи за случајот со плацовите на Водно, каде исто така е еден од осомничените.
Повеќе информации наскоро.
