16.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Вечерва Џенифер Лопез и Алекс Родригез излегоа со заедничко соопштение по вистински ураган во американската јавност за веста дека ја раскинале свршувачката

Вечерва Џенифер Лопез и Алекс Родригез излегоа со заедничко соопштение по вистински ураган во американската јавност за веста дека ја раскинале свршувачката.
Нивната заедничка изјава објавена од списанието „People“ се состои од една реченица: „Работиме на некои работи“.

Понатаму, списанието „People“ цитира анонимен извор близок до парот, кој вели дека тие никогаш официјално не раскинале, дека дури и не разговарале за тоа, но дека минуваат низ тежок период. Според истиот извор, нивниот тежок период нема никаква врска со реалити sвездата Медисон Лекрој, со која Родригез повремено се допишувал, според признанието на Лекрој.

„Да, Џенифер е во Доминиканската Република каде снима филм, Алекс е во Мајами каде се подготвува за новата сезона во бејзбол, но тие сакаат да останат заедно“, вели изворот.

Како што наведува и самиот магазин „People“, оваа објава пристигнала неколку часа по објавувањето на веста за нивното раскинување, што за магазинот било потврдено од повеќе извори.

Веста за раскинувањето на свршувачката на најпопуларната двојка во Америка ја објавија сите американски медиуми, дури и CNN, а фановите ги преплавија Instagram и Џенифер Лопез и Алекс Родригез со коментари во текот на целиот ден.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести