6.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ ПРИЗНА ДЕКА ИМА БУГАРСКИ ПАСОШ – СЛУЧАЈНОСТ ЛИ БЕШЕ ЗНАМЕТО !?

Откако во спотот за евровизиската песна на Васил Гарванлиев се појави бугарско знаме за кое тој вели дека е недоразбирање, сега жестоки реакции во јавноста предизвика негова изјава каде вели дека покрај Македонија има и бугарско државјанство.

Дека има бугарски пасош тој се пофали интервју, односно на прашањето на водителот од каде бугарски пасош тој раскажуваше за неговата баба, но потоа вели дека Струмица е блиску до Бугарија.

– Далечен роднина на мојата баба е роден…Струмица е блиску до границата со Бугарија, јас сум од тој крај на државата, и затоа.

На МТВ беше промовирана нашата евровизиска песна и видео записот за истата. Станува збор за нумерата „Here I stand“ со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.

Но, набргу по промоцијата на социјалните мрежи се актуелизираа обвинувања дека во спотот се забележуваат боите на бугарското знаме, што наводно, претставува намерна или случајна провокација.

Вчера беше објавено дека спотот ќе се менува и ќе се отстранува кадарот со бугарското знаме.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести