Се вели дека одлични идеи доаѓаат по првата шолја кафе. Ваков пример може да ви дадат многуасветски познати уметници, кои не може да го замислат денот без кафе.
Познатите композитори Бах и Бетовен биле големи обожаватели на овој пијалок, а Бах дури ја напиша и „Кантата за кафеот “. За францускиот писател Оноре де Балзак се вели дека испил околу 5.000 шолји кафе додека го пишувал своето дело „Човечка комедија“.
Во животот на современиот млад човек, има многу деловни, приватни обврски и разни настани за кои е потребно време и внимание. За да бидеме успешни во извршувањето и организирањето на секојдневните активности, многу е важно да воспоставиме одредени ритуали во текот на денот и да најдеме време за она што нè исполнува и мотивира за понатамошна работа.

Она што е важно да се напомене е дека тоа треба да бидат квалитетни навики, кои поволно ќе влијаат на концентрацијата, продуктивноста и расположението.
Ослободување од замор
Училиште, факултет, работа, се различни обврски кои се дел од секојдневието на повеќето млади луѓе, но вклучуваат чести и долги часови поминати над книга, пред компјутер или на мобилен телефон.
Кафето како стимуланс може да има позитивен ефект врз сите оние кои се уморни од, на пример, балансирање на училишно или скратено работно време. Кафето може брзо да ја намали поспаноста, што е корисно решение за време на доцните ноќни студии за испити или зафатен распоред, што бара дополнителна мотивација и фокус.
Стремеж кон успех
Знаеме колку е тешко да се напушти топлиот кревет кога треба да се оди на работа или предавање (особено во студените денови), и затоа избираме кафе, како најдобар предизвикувач за рано станување.

Утринското кафе охрабрува и ни помага да го изостриме фокусот. Познат факт е дека успешните луѓе се будат во раните утрински часови, за да можат да постигнат сè што имаат за цел. Со кафето доаѓа став и подготвеност да се соочиме со списокот на различни задачи што нè очекуваат.
Социјална интеракција
Социјалните собири се многу важен фактор во животот на секоја млада личност. Речениците како „Дојди на кафе“ или „Се гледаме на кафе“ се широко користени како вообичаена фраза за поканувањето на пријатели.
Благодарение на заедничките навики и теми за разговор, се отвораат различни полиња на интерес, каде што младите можат да се поврзат едни со други.

„Зголемување“ на енергијата
Младоста и енергијата се нераскинливо дуо, но понекогаш има уште малку „гориво“ за предизвици и обврски кои бараат дополнителен ангажман.
Кофеинот го стимулира централниот нервен систем и го зголемува „полнењето“ на енергија и расположение. Ако вежбањето, читањето или учењето ви се чини долго, користете шолја од омиленото кафе како сојузник во борбата против заморот и слабоста.
Покрај тоа што дава дополнителна енергија, ги подобрува рефлексите и циркулацијата на мускулите за време на тренингот, има и позитивно влијание врз меморијата.
