-1.2 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Едно лице обвинето за оддавање службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна согласно член 360 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во повеќе наврати во текот на јули 2020 година во Скопје, обвинетиот, на возраст од 56 години, и сторил достапни на јавноста документи од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на незаконит начин. Документите биле класифицирани како службена тајна со степен на доверливост „строго доверливо“ и се однесувале на оперативно истражување на УБК.

Така, на 07.07.2020 година обвинетиот на прес-конференција презентирал фотокопии од делови од работа верзија на документ – Извештај од разговор со лице кое соработува со УБК и една службена белешка. На 8, 9 и 12 јули 2020 година, на својот Фејсбук профил продолжил да објавува делови од класифицирани документи, меѓу кои и транскрипти од разговори со таргети во тогашната УБК.​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести