7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ЈА ШОКИРАШЕ ЈАВНОСТА: Од Фајзер ни беше кажано дека не преговараат со држави под 2 милиони луѓе.. (видео)

Од Фајзер ни беше кажано дека не преговараат со држави под 2 милиони вели претседателот Стево Пендаровски за „Клик Плус“ на ТВ21, потенцирајќи дека тоа бил одговорот кој властите го добиле пред Нова година кога ја контактирале компанијата.

– Директно се обративме на таа компанија не прашаа која е големината на потенцијалниот пазар, коснументи. Кога кажавме дека сме се на се 2 милиони луѓе, разговорот брзо заврши. Ни рекоа дека имаат купувачи со милијарди луѓе, навалица, така што ни рекоа дека во тој момент деловната политика била не е да разговараат со држави кои се под 2 милиони, рече Пендаровски.

Тој додаде дека Ковакс механизмот кој е гломазен потфрли, а во моментов не постои европска држава каде што граѓаните се задоволни.

Во однос на солидарниот фонд на ЕУ Пендаровски објасни дека помошта доаѓа за оние држави што имале штета над 30 милиони евра во одреден период, додека Македонија до тогаш имала штета од нешто од 7 милиони.

– Станува збор за поинаква фактичка состојба. Станува збор за процес кој е отворен пролетта, и имал рок до средината на летото да се аплицира, со предуслови. Ако веруваме на фактографијата на нашите органи и институции, а јас им верувам, во кои велат дека постоеле долни прагови за општа штета која пандемијата ја предизвикала, рече претседателот.

Додаде дека nашиот БДП за 2019 година е околу 12,5 милијарди долари, и во тој момент, и откако биле собрани апликациите за штета, од сите општини, било заклучено дека сме „кратки“ во тој дел.

– Или во бројки штетата претпоставена требало да биде над 30 милиони евра, ние сме биле некаде во штета од 7,5 милиони евра, со тоа не сме можеле да поднесеме апликација“, рече Пендаровски кој додаде дека не е точна информацијата дека државата е „извисена“ од страна на ЕУ, изјави Пендаровски

– И сега некој може да каже па зошто не сме пријавиле поголема штета. Па зарем да ги фалсификуваме финансиските изештаи?“, прашува Пендаровски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести