21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

НЕОЧЕКУВАН СВЕДОК МОЖЕ ДА ЈА СРУШИ КРИМИНАЛНАТА ИМПЕРИЈА НА ВЕЉА НЕВОЉА

Се уште не се знаат детали за вмешаноста на сопругата на Веља Невоља во неговите криминални акции.

Впрочем, во големата акција во која беа лишени од слобода Веља Невоља и неговите соработници, беше приведена и неговата бремена сопруга.

Таа беше лишана од слобода откако во нивниот дом полицијата пронајде 60.000 евра ќеш.

Српските медиуми известуваат дека токму таа може да биде клучниот сведок во истрагата против Веља Невоља.

Извор близок на истрагата верува дека преку неа може да се дојдат до нови поцврсти докази за монструозните дела кои му се препишуваат на Вељко Беливук.

Впрочем, таа никогаш не се експонирала во медиумите, а на социјалните мрежи не може да се најде ниту една фотографија на која е заедно со сопругот.

Сепак, познато е дека кога во 2017 година на Неваља му се судеше за убиството на Властимир Милошевиќ, таа присуствуваше на секое рочиште. Кога Беливук доби ослободителна пресуда, таа буквално скокаше и плачеше во ходникот на Палатата на правдата, пишуваат српските медиуми.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести