Грчки полицаец беше сериозно повреден вчера вечерта за време на судирите во Атина со демонстрантите, кои излегоа на улиците во знак на протест против полициското насилство.
Конфликтот се случил во атинската населба Неа Смирна, а полицаецот бил погоден во вратот со факел или камен, па затоа неговите колеги формирале круг околу него за да го заштитат додека не пристигне брзата помош и го однеле во болница, објави весникот „Катимерини“.
Tonight in #Athens
— CND Global (@cnd_global) March 9, 2021
Protests after police brutality on neighborhood residents.
#antireport #ΝεαΣμυρνη https://t.co/ud8ZxS1BBz
Според државната телевизија ЕРТ, напаѓачите кои носеле качулки фрлале молотови коктели кон полицијата, која одговорила со солзавец.
Полицијата пронашла ранец полн со коктели и факели.
Неколку паркирани автомобили беа оштетени, а контејнерите што горат може да се видат на социјалните мрежи.
Претходно, околу 5.000 луѓе се собраа на главниот плоштад во областа Неа Смирна, каде започна викендов пресметка со полицијата.
