11.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Google веќе со години вели дека нивните роботи кои возат автомобил се многу подобри и побезбедни возачи од луѓето

Google веќе со години вели дека нивните робови кои возат автомобил се многу подобри и побезбедни возачи од луѓето.

Тие се придржуваат до ограничувањата на брзината, одржуваат растојание помеѓу возилата, секогаш пропуштаат автомобили од спротивна насока пред да свртат и секако, тие никогаш не се уморни, под дејство на алкохол или дрога.

Тие го докажаа своето тврдење на друг интересен начин. Тие спроведоа симулации засновани врз вистински настани, т.е. сообраќајни несреќи што се случиле во областа Аризона.

Притоа, тие ја користеа истата платформа за симулација што ја користат кога ги обучуваат своите автономни возила на виртуелни улици кога ги подготвуваат за реалност.

Во симулациите на оние сообраќајни несреќи во кои учествувал само еден автомобил, тие го замениле тоа возило со нивните автономни автомобили.

Во сообраќајни несреќи во кои учествувале две возила, тие најпрво спровеле симулација во која возило на Google било поставено на местото на автомобилот што ја предизвикал несреќата, а во втората симулација нивното возило било поставено на местото на другиот автомобил.

Преку 91 симулација, Google реконструираше 72 несреќи што се случија во областа помеѓу 2008 и 2017 година, внимавајќи нивните возила да бидат изложени на истата состојба како и автомобилите во вистински несреќи.

Резултатите добиени со симулацијата биле одлични, па се покажало дека автономните возила на Google би избегнале или би ги ублажиле сообраќајните незгоди во 88 од 91 симулација.

Во оние случаи во кои возилото заменило автомобил што не предизвикал судир, се покажало дека роботот, како возач, целосно ќе избегне дури 82% од сообраќајните незгоди.

Особено е интересно што во повеќето случаи не било ниту потребно нагло да се изведе тежок маневар или сопирање.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести