20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Една доза од вакцината „Pfizer“ постигнува скоро целосна ефикасност околу 11 дена по приемот

Една доза од вакцината „Pfizer“ постигнува скоро целосна ефикасност околу 11 дена по приемот, па може да се покаже дека не е потребна друга доза, покажа студија спроведена од научници од Универзитетот Барнет во Мелбурн.

– Ова се новости што можат да донесат оптимизам. Ефикасноста на mVNA вакцината против COVID-19 започнува на 11-тиот ден од администрацијата. Ова ја отвора можноста да добиете заштита за краток временски период – објави њујоршкиот „Medrxiv“, веб страницаво сопственост на непрофитната лабораторија во Колд Спринг Харбор.

Во текстот се вели дека нема очигледен напредок во давањето на втората доза по три или четири недели, што само укажува на јачината на првата доза (барем во краткорочни услови кога се ограничени залихите) и им помага на здравствените услуги поголема флексибилност кога доаѓа до втората доза, доколку се утврди дека е неопходна.

Угледниот „Forbes“ го цитира „New England Medical Journal“, во кој се наведува студија дека луѓето кои ја примиле втората доза покажале силен имунолошки одговор на новите соеви на COVID-19, само одговорот бил помал во однос на јужноафриканскиот сој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести