Netflix воведе нова опција за мобилната верзија на апликацијата, која им овозможува на корисниците да се забавуваат со кратки клипови наместо да гледаат цел филм или цела серија.
Тоа е функција наречена „Fast Laughs“. Изгледа многу како TikTok, и работи на сличен начин.
Корисниците имаат можност да видат делови од шоуто, да се насмеат „брзо“, а доколку сакаат можат да зачуваат цели емисии за да ги гледаат подоцна.
Веројатно големата популарност на TikTok беше главната причина за Netflix да се одлучи за вакво нешто – не толку во смисла дека тие се во меѓусебна конкуренција, туку како добар показател за тоа што им одговара на луѓето, а тоа се кратки видеа.
Освен во филмови и серии, Netflix инвестира многу и во производство на стенд-ап серии, па ова е уште еден добар начин да ги привлечете гледачите на својата платформа.
Опцијата „Fast Laughs“ е достапна само за iOS во некои земји, но судејќи според претходните искуства, веројатно многу брзо ќе се прошири на целиот свет, и секако, на оперативниот систем Android.
