Од Иницијативниот одбор за организирање на вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на Христијан Мицкоски му посакуваат што побрзо да закрепне од болеста Ковид-19.
Ивица Коневски за „Слободен печат“ изјави дека вонредниот конгрес ќе биде за Мицкоски да даде отчет пред луѓето кои го донесоа на чело на ВМРО-ДПМНЕ и му ја дадоа довербата во Валандово.
„Во моментов му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите за тоа што го сработил последните четири години“, рече Коневски.