20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ДРАМА: СВЕКРВАTA САКАЛА НА МЕДЕН МЕСЕЦ СО МЛАДИТЕ

На ТикТок, Кери сподели приказни за нејзината „свекрва од пеколот“ која се обиде да оди на меден месец со неа и нејзиниот сопруг. Но, тоа не е сè, таа направи и други трикови.

  • Вие навистина немате „свекрва од пекол“ ако не се мешала во вашата врска пред, за време и по свадбата. Јас и сопругот решивме да направиме мала венчавка затоа што двајцата веќе бевме во брак. Само јас и сведоците, но таа сакаше голема венчавка – вели Кери.

Таа тврди дека нејзината свекрва целосно го избришала неговиот прв брак од сеќавањето.

  • И тогаш таа продолжи да ме лаже, па ми рече дека нејзиниот син заслужува голема свадба затоа што тој никогаш претходно не се оженил, како да заборавила дека присуствувала на неговата прва свадба. Кога отидовме на меден месец неколку дена, тогаш таа почна да плаче бидејќи во тоа време ја посетувавме земјата во која живееше нејзиниот втор син. Не ми се верува дека направи драма затоа што не ја зедовме со себе на меден месец – ја продолжува приказната Кери.

Нејзините трикови не застанаа тука, затоа што реши и тајната на Кера да ја сподели со сите. Откако дозна дека е бремена, Кери ѝ ја соопшти среќната вест на својата свекрва, но строго ѝ забрани да им ја кажува на другите затоа што сакаше да ја чува во тајност се додека не поминат уште неколку недели и Кери да биде сигурна. Но, нејзината свекрва не прифати ништо од тоа, па реши да ги сподели вестите на социјалните мрежи.

  • Ние и рековме дека очекуваме дете, таа беше целосно возбудена. Таа излезе од бањата и извика „о боже, сакам да објавувам насекаде, сакам да им кажам на сите“ и реков „не“. И реков да не го прави тоа уште неколку недели, бидејќи сакам да им ги кажувам тие среќни вести само на луѓето во семејството. Помина еден час после тоа и тогаш таа веднаш ја објави мојата бременост на Facebook – луто рече Кери. Приказните на Кери за „свекрвата од пеколот“ собраа илјадници прегледи, а другите жени започнаа да ги споделуваат своите приказни.

Една жена напишала: „Мојата ми рече дека не можам да му дадам името на своето бебе затоа што таа пред години одредила како ќе и се викаат внуците“, открива друга: „Мојата се покани на породилното одделение“, призна трета, „Мојата постојано ми кажува дека сум дебела, иако е 30 килограми потешка од мене“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести