20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Ако британскиот принц Хари некогаш сака да се скрие од очите на јавноста, тој треба да се пресели во Тафт

Ако британскиот принц Хари некогаш сака да се скрие од очите на јавноста, тој треба да се пресели во Тафт – барем според една интересна анкета.

Тафт е мал град во Калифорнија со малку повеќе од 9000 жители и се наоѓа на околу 160 километри оддалеченост од Монтесито, местото каде што живее принцот Хари со неговата сопруга Меган Маркл и синот Арчи.

Редакцијата на британски „Daily Mail“ направи малка анкета – тие им покажаа на минувачите во Тафт фотографија од принцот Хари и ги прашаа што мислат, кој е на фотографијата. Одговорите беа, во најмала рака, интересни.

„Мислам дека го видов на постер во поштата, или дали е некој баран криминалец? Зарем тој не е еден од синовите на Трамп?“, рече еден од испитаниците, додека друг човек рече дека на фотографијата е кошаркар, но не беше сигурен од кој клуб.

„Тој е актер. Не го знам неговото име, но го имам видено во многу филмови”, „Ми се чини познат. Дали е тој ТВ-презентер?”

Истото истражување неодамна беше спроведено во американскиот град наречен Лондон (околу 10.000 жители) и во Делреј Бич (околу 70.000).

Во Лондон, еден човек рече дека „не му е гајле кој е на фотографијата ако не му купи кафе или не донесе велосипед за поправки“, додека еден од испитаниците во Делреј Бич изјавил дека „мисли дека е актер, а можеби е Крис Прат”.

Да потсетиме, принцот Хари и неговата сопруга Меган одамна одлучија дека не сакаат да ја играат традиционалната „игра“ на кралските медиуми и повторно ќе отстапат од нормите во деталното интервју со американската водителка Опра Винфри, кое треба да се емитува денес.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести