Најдобриот американски кошаркар, Леброн Џејмс, реши да ја продаде луксузната вила, која ја купи во 2015 година во Лос Анџелес.
Интересно е што асот на Лејкерс плати 21 милион долари за овој имот пред шест години, а сега го продава за 20,5 милиони долари.
Многу навивачи на Лејкерс беа загрижени од веста дека одличниот кошаркар ја продава својата куќа во ЛА, сепак, нема причина за загриженост … Леброн не планира да ги напушти Лејкерси. Тој навистина не живее во оваа вила.
Леброн последните три години живее во Беверли Хилс во вила за која плати околу 37 милиони долари, па не е изненадувачки што оваа веќе не му е потребна. Порано и припаѓаше на познатата холивудска актерка Кетрин Хепберн.
На продажба има 900 квадратни метри луксуз во кој никој не ужива во моментот. Куќата е изградена пред околу десет години, има шест спални соби, осум бањи, игралиште за кошарка, огромен базен, теретана, библиотека …