20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Прекината свадба во Тетово, приведен сопственикот на угостителскиот објект

На 04.03.2021 во 16.10 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на К.К(35) од Тетово. При контролата било констатирано дека објектот не ги почитува здравствените прописи за време на епидемија, односно во моментот имало организирана свадбена веселба со околу 110 гости.
Свадбата била прекината, а објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Сопственикот К.К. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.  

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести