-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

„Aptera motors“ се подготвува за првото масовно производство на соларен автомобил до крајот на годината

„Aptera motors“ се подготвува за првото масовно производство на соларен автомобил до крајот на годината.
Автомобилот ќе се продава на мало за само 25.900 долари, што го прави достапна опција во споредба со другите возила на пазарот.

Сепак, постојат пречки пред автомобилот да се појави на пазарот. „Washington Post“ известува дека дистрибуцијата не може да започне се додека не се спроведат безбедносни тестови и ги поминат.

Автомобилот се смета за ултра-аеродинамично електрично возило и се движи на три тркала. Покриено со 34 квадратни метри соларни ќелии, што може да обезбеди четириесет километри дневно возење „на ведро небо“.

Креаторите на „Aptera“, Крис Ентони и Стив Фамбро, велат дека автомобилот е четири пати поефикасен од просечното електрично возило и 13 пати поефикасен од камион што користи класично гориво.

Дизајнот на возилото вклучува и кривини кои помагаат да се намали влечењето додека се вози. Екстремно лесните јаглеродни композити и стаклени влакна ја формираат рамката на автомобилот, што може делумно да се создаде со 3D печатач.

Автомобилот може да достигне брзина од 100 километри на час за само 3,5 секунди, а максималната брзина што може да ја достигне е 180 километри на час.
За секојдневна употреба, не е потребно полнење на автомобилот, што го прави првото вакво возило на пазарот. Возилото е опремено со пакет батерии.

Пред-нарачките од 4 декември сведочат дека веќе има пазар за вакви возила. „Aptera“ ги продаде првите 330 автомобили во рок од 24 часа и оттогаш скоро 7.500 лица се пријавија да направат депозит. Компанијата има поддршка и од големи инвеститори, истовремено продолжувајќи да го зголемува производството.

„Aptera“ е основана во 2005 година, но во 2011 година беше принуден да затвори по банкрот, за потоа да биде „оживеан“ од оригиналните креатори во 2019 година. Фабриката за производство беше преместена во долината Соренто во Сан Диего во февруари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести