7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава тргна во потрага по осум лица кои ќе му се придружат како први приватни патници на пат околу Месечината

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава тргна во потрага по осум лица кои ќе му се придружат како први приватни патници на пат околу Месечината со „Space X“ на Илон Маск.

Тој првично планираше да покани уметници на еднодневно патување закажано за 2023 година, според Ројтерс.

  • Проектот ќе им даде можност на луѓето од целиот свет да се приклучат на ова патување. Ако се гледате себеси како уметник, тогаш сте уметник, рече Маезава.

Првата фаза на пријавување трае до 14 март. Маезава е познат по своите колекции на уметнички дела и суперавтомобили, како и по подароци во готовина, поради што има најмногу следбеници во Јапонија на својот профил на Twitter.

Минатата година тој започна краткорочна документарна потрага по нова девојка која ќе му се придружи на патувањето, пред да се повлече наведувајќи ги „мешаните чувства“ како причина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести