21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Основачот на „Алибаба“ Џек Ма повеќе не е најбогат Кинез

Основачот на „Алибаба“ и на компанија „Ант Груп“, Џек Ма го загуби епитетот најбогат Кинез, откако неговата деловна империја е ставена под строга контрола на кинеските регулатори, додека ривалите напредуваа на новата Глобална листа на богаташи за 2021 година на истражувачката и медиумска групација Хурун.

Ма и фамилијата беа лидери на листата за 2019 година и за 2020 година, но сега паднаа на четврто место.

Пред него се Џонг Шаншан, сопственик на фирмата за полнење вода „Нонгфу Спринг“, потоа Пони Ма, кој е на чело на „Тенсент Холдинг“ и Колин Хуанг од компанијата „Пиндуодуо“, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Хурун напоменува дека кинескиот пазарен регулатор почлна антимонополска истрага против „Алибаба“, откако Ма во октомври лани јавно го критикуваше кинескиот регулаторен систем.

Новата листа на богаташи е прошир ена со 259 лица кои имаат над милијарда долари, а само Кина има 1.058 милијардери. Колку за споредба, САД имаат дополнителни 70 претставници во неа и сега вкупно имаат 696.

Најбогат Кинез е Џонг со 550 милијарди јуани или 85 милијарди долари, богатството на Пони Ма изнесува 74,3 милијарди долари, а на Хуанг – 69,6 милијарди долари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести